Објавено на 04 Јуни, 2017 во Вести
Фудбалерите на Шкупи со 4:1 го совладаа составот на Новаци во првиот бараж натпревар за опстанок/влез во Првата македонска фудбалска лига. Возвратниот дуел ќе се одигра исто така на Градскиот стадион во Штип.
Каменица Саса со 4:1 го победи Превалец од Велес и се промовираше во нов второлигаш. Од идната сезона Каменица Саса ќе биде дел од 2 МФЛ - исток.
Составот на Зајас со 2:0 го совлада Гоблен во борбата за место во 2 МФЛ - запад.