Каменица Саса е освојувач на Купот на Македонија за жени

Објавено на 18 Мај, 2022 во Вести


Eкипата на Каменица Саса успеа да го подигне трофејот од Купот на Македонија по одличната игра и убедливо издвојуваната победа против Асс Јунајтед.

Женското финале од Купот на Македонија се одигра денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски", Каменица Саса забележа убедлива победа со 4:0.

Антонина Шопска го отвори резултатот на денешната средба во 7. минута. На 2:0 зголеми Ленче Андреевска во 23. минута од средбата. Истиот играч погоди на почетокот на второто полувреме за предност на Каменица Саса од 3:0. Конечните 4:0 ги постави интернационалката Чик Пејтон Тејлор во 71. минута од мечот.

Каменица Саса: Јелена Гвоздерац, Ана Димитровска, Драгана Костова, Тејлор Пејтон Чик, Павлинка Николовска, Икеда Ангелика Кеона, Елена Панеска, Мила Талевска, Христина Јошевска, Ленче Андреевска, Антонина Шопска;

Асс Јунајтед: Суарта Речи, Александра Поповска, Улза Максути, Ера Стеблева, Веса Села, Арлинда Адили, Оливера Цоклеска, Кристина Мојсоска, Александра Симоноска, Едина Сулејмани, Еда Далипи;




   
   
А репрезентација