Вардар е освојувач на Купот на Македонија во кадетска конкуренција. Во финалето на градскиот стадиот во Кичево, Вардар славеше убедлива победа против Шкендија со 4:1.
Во 21. минута со гол од пенал, Вардар поведе со 1:0. Горјан Цветков беше реализатор на најстрогата казна по фаулот над Бундалевски во шеснаесетникот на Шкендија.
Составот од Тетово израмни во 31. минута со голот на Даут Каримани.
Пред крајот на полувремето, нова предност за Вардар донесе Ѓорги Дошев. Во 43. минута постигна прекрасеен погодок за 2:1.
Во вториот дел, Филип Јовановски во 76. минута ја зголеми предноста на Вардар на 3:1, а конечниот резултат го постави Зоран Фидановски во последната минута од мечот.
ФК ВАРДАР: Никола Филевски, Влатко Кулуковски, Нуман Ајетовиќ, Симеон Здравковски, Марко Стојилевски, Тино Спасиќ, Филип Јовановски, Горјан Цветков, Ѓорѓи Дошев, Филип Радевски, Максим Бундалески;
Играа уште: Леонид Илиевски, Виктор Стефановиќ, Зоран Фидановски, Лука Јакимовски, Никола Уневски, Михаил Кузмановски, Матеј Митревски;
ФК ШКЕНДИЈА: Фатлум Јусуфи, Флорим Асани, Арѓент Аљија, Алмир Адили, Даут Каримани, Веби Ислами, Алтин Зибери, Ендрит Алија, Индрит Саќипи, Амин Шаќири;
Играа уште: Бехар Серани, Јонус Џафери, Бесник Зубери, Бесјан Шабани, Бљенди Хусеини, Фљакрон Мемиши, Ебубекир Азизи;