Објавено на 26 Мај, 2015 во Вести
Есмин Личина во 17` го постигна голот за победа по одличниот удар од дваесеттина метри. Фудбалерите на Вардар доминираа на натпреварот. Одлични шанси за гол не искористија Виктор Димков и Александар Најдоски. Најубавата можност кај екипата на Работнички не ја искористи Милан Ристовски.
На тренинг центарот „Петар Милошевски" фудбалерите на Љупчо Марковски одиграа подобар натпревар и заслужено се радуваа на освоената Куп титула за кадети.
-Честитки до мојте фудбалери. Пресреќен сум што по долги години успеавме да освоиме пехар во помладите категории. Се чувствуваше замор кај фудбалерите по неделниот натпревар што го одигравме кој беше од пресудно значење во борбата за шампионската титула. Без разлика на тоа моравме да одиграме максимално добро, со сите расположливи сили, без калкулирање. Свесно ја препуштивме иницијативата на противникот, но ја имавме контролата на натпреварот. Имаме одлична кадетска екипа пред која е светла иднина, изјави тренерот на Вардар, Љупчо Марковски.
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ 1:0 (1:0)
(1 - 0 Личина Есмин 17`)
ВАРДАР: 1. Трајчевски Филип 2. Ричков Андреј 3. Јошевски Филип 4. Исмаил Берат 6. Личина Есмин 7. Димков Виктор 8. Мамути Џавид 9. Беќири Јасир (17. Најдоски Александар) 10. Димитровски Теодор 11. Даци Ердон (16. Маркоски Дејан) 15. Чукалески Христијан
РАБОТНИЧКИ: 1. Јанков Ристо 3. Ристовски Кирил (13. Велковски Марко) 4. Садики Нехар 5. Петковски Андреј 6. Стојанов Блажо (16. Нунески Александар) 7. Ристовски Милан 8. Грујовски Филип 10. Елиф Елмас 11. Ацковски Кристијан 15. Здравковски Давид (22. Бојчески Андреј) 20. Далчески Илија
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....