Објавено на 21 Мај, 2019 во Куп на Македонија, Вести
Тимот на Работнички е победник во Купот на Македонија во кадетска конкуренција. Младите „романтичари“ во финалето на тренинг центарот „Петар Милошевски“ беа подобри од Шкендија со 4:0 (2:0).
Работнички во текот на целиот натревар ја имаше контролата на играта и резултатот. Победата можеше да биде изразена и со поголема разлика доколку тимот на Марјанчо Андревски во завршницата од првото полувреме беше поконцентрирана во искористувањето на шансите пред гостинскиот гол. Прекрасен погодок даде Тошевски во 19. минута, кога „измести“ неколку противнички фудбалери и биеше прецизно во горниот агол за 1:0. На полувреме Работнички ја удвои предноста по грешката на голманот на Шкендија најснаодлив беше Димитар Тодоров. Во второто полувреме Работнички со погодоците на Мелов и Масевски само ја потврдија доминацијата во финалниот натпревар и сосема заслужено стигнаа до пехарот.
ФК РАБОТНИЧКИ - ФК ШКЕНДИЈА
4:0 (2:0)
Судии: Влатко Илиоски (Прилеп), Мартин Петковски (Куманово), Кире Нистров (Струмица)
Тренинг центар „Петар Милошевски“
ФК РАБОТНИЧКИ: Кирил Петрески (Александар Цветанов 86`), Кристијан Чурлинов, Христијан
Стојановски (Матрин Стојчов 77`), Марко Андоновски, Давид Спасовски (Давор Јовановски 86`), Леонид Радев Јанкуловски (Рилинд Ајдини 68`), Дарко
Костовски, Никола Андрески (Дамјан Масевски 72`), Димитар Тодоровски, Давид Тошевски (Трим Амбари 83`), Николај Мелов (Димитар Бојаџиевски 86`); Тренер: Марјанчо Андрески ФК ШКЕНДИЈА: Астрит Амзаи, Андриан Бекири, Члирим Имери (Аган Зубер 46`), Имран
Фетаи, Ерјон Нурадини, Абдулвахит Ајдини, Куштрим Таири, Рамин Алии (Мирлинд Даути 46`), Рони
Синани, Ганц Гаши (Фитон Адеми 77`), Ардит Демири; Тренер: Бурхан Емурлаи;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....