Кадетите на Академија Пандев го освоија Купот на Македонија

Објавено на 19 Мај, 2016 во Вести


Кадетската екипа на Академија Пандев го победи Вардар со резултат 1:0 во финалето од Купот на Македонија во кадетска конкуренција. Младите фудбалери на Академија Пандев сосема заслужено се радуваа на освоениот пехар по прикажаното на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Во текот на целиот натпревар видовме една тешка битка која главно се водеше на средината на теренот. Двете екипи имаа свои минута во кој создадоа и неколку добри прилика за постигнување погодок. Во првиот дел немаше погодоци, но се играше доста борбено и отворено пред двата шеснаесетника.

Во продолжението и двете екипи создаваа шанси, но без ефект, се до 88. минута, кога Кристијан Трапановски погоди за водство на Академија Пандев од 1:0. Тоа воедно беше и конечниот исход на пресметката од финалето на националниот куп во категорија на кадети.

ФИНАЛЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА (КАДЕТИ)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР  1:0 (0:0)

(1:0 Кристијан Трапановски 88`)

Тренинг центар „Петар Милошевски” – Скопје

Академија Пандев:Ристе Шпиров, Васко Трајков, Димитар Тасев (Марио Гоцевски), Трајче Петров, Христијан Делевски, Аздрен Мена (Ване Милковски), Јани Атанасов, Кристијан Трапановски (Зоран Ивановски), Кристијан Велиновски (Васил Крстев), Дарко Размоски (Методиј Ѓорѓичков), Михаил Маневски; Тренер: Тони Атанасов;

Вардар:Малик Зибери, Блажен Тодород (Иво Џуклевски), Кристијан Јордановски, Никола Серафим, Гоце Насковски, Дамјан Менкиноски (Андреј Скерденски), Христијан Стојчевски, Јакуп Бериша (Кренар Дарлишта), Саит Батиќи (Дејан Стојменов), Дамјан Петревски, Александар Трајчевски; Тренер: Владимир Колев;




   
   
А репрезентација