Објавено на 01 Јуни, 2016 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 19 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски одигра одличен натпревар против селекцијата на Азербејџан и сосема заслужено забележа победа од 2:0. Стрелци на погодоците беа Давор Здравковски во 47. минута и Милан Ристовски во 49. минута од средбата.
Предводникот на младата репрезентација на Македонија, Јетон Несими е задоволен од играта на своите фудбалери, особено во првото полувреме.
- Одигравме солиден натпревар против една многу незгодна репрезентација. Задоволен сум од играта на моите фудбалери, особено во првиот дел каде што пропуштивме многу добри прилики за да погодиме. Треба да поработиме на реализацијата. Во вториот дел, иако постигнавме два гола, одигравме многу послабо во однос на првиот дел. Селекцијата на Азербејџан притисна повеќе, и доминираше во поседот на топка. Се надевам дека на возвратниот дуел во петок ќе одиграме многу подобро и поефикасно во завршницата - изјави Јетон Несими.
Вториот контролен натпревар меѓу овие две селекции е закажан за во петок во 10.30 часот. Нашата селекција до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во Елитната рунда на УЕФА. На средината од месец октомври, Македонија ќе игра во група со домаќинот Полска, Словачка и Северна Ирска.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....