Објавено на 29 Септември, 2020 во Куп на Македонија, Вести
Во „Куќа на фудбалот“ се оддржа извлекување за 1/8 финалните натпревари од Купот на Македонија. Во оваа фаза од најмасовното натпреварување влегоа и екипите на Шкендија, Академија Пандев, Брегалница иСтруга Трим Љум (ослободени во првото коло), а ждребката донесе неколку интересни пресметки:
1/8 финални парови во Купот на Македонија:
Академија Пандев - Вардар
Македонија Ѓ.П. - Каменица Саса
Шкендија - Гостивар
Шкупи - Кит Го
Кожуф - Силекс
Струга Трим Љум - Работнички
Брегалница - Беласица
Ренова - Пелистер
1/8 финалните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а 1/4 финалните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.