Објавено на 14 Јули, 2014 во Куп на Македонија, Вести
Актуелниот носител на
титулата од Купот на Македонија, тимот на Работнички одбраната на
титулата во натпреварувањето ќе ја започне од 1/8 финалето заедно со екипите на
Шкендија и Еуромилк кои исто така нема да бидат дел од 1/16 финалето, откако
Третата лига – север наместо четири претставници даде три, а третата лига –
запад неместо четири претставници даде два. Натпреварите за 1/16 финалето од
Купот на Македонија се играат на 20. август 2014. во 17.00 часот. Двојките се
следни: Фортуна - Хоризонт , Работнички Џумајлија - Силекс, Кожув/Победа.В -
Македонија Ѓ.П 1932, Вулкан - Пелистер, Гоблен Јуниор - Тетекс, Новаци 2005 -
Гостивар, 11. Октомври - Шкупи 1927, Брегалница Делчево - Дрита, Беласица -
Напредок, Саса - Ренова, Влазними - Вардар, Младост Царев Двор - Брегалница
2008, Победа Јуниор/Младост - Металург.
Двојки 16-Финале Куп 2014-2015.pdf