Објавено на 10 Март, 2015 во Вести
Телото за инфраструктура на Фудбалската Федерација на Македонија изврши вонреден увид на Градскиот стадион Тетово поради лошите временски услови. Заклучокот е дека теренот на стадионот не е подготвен за натпревар од 1.МФЛ на 11.03.2015, особено што на истиот ќе се одигра натпревар од истиот ранг помеѓу „Ренова“ и „Брегалница 2008“ ден предтоа(10.03.2015.) Телото за инфрастуктура дополнително денес на 10.03.2015 изврши увид на теренот „Башкими“ Куманово, алтернативен на ФК „Шкендија“ по телефонско барање на клубот доставено на 09.03.2015. Заклучокот е дека теренот во Куманово е во далеку подобра состојба од тој во Тетово и ги исполнува минималните услови за одигрување натпревар од 1. МФЛ.
Согласно тоа, Комисијата за натпревари го насочува натпреварот од 19.коло помеѓу екипите на „Шкендија“ и „Пелистер“ за одигрување на теренот „Башкими“ Куманово во предвидениот термин за почеток 14.00ч. Клубот домаќин, се задолжува веднаш да ги преземе сите неопходни мерки и активности за организација на натпреварот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....