Известување за примена на одлука за промена на правилникот за натпреварување на ФФМ

Објавено на 03 Јуни, 2014 во Одлуки


Ве известуваме дека одлуката со бр. 02-727/1-6 за промена на Правилникот за натпреварување на ФФМ, донесена од страна на Управниот одбор на 27.05.2013 година, објавена во Макфудбал бр.23 од 10.06.2013 почна со примена од ден 27 Мај 2014 година.

Со горенаведената одлука е направена измена во Правилникот за натпревари и е предвидено кумулативно  исполнување на следните услови:

-  Спојување на клубови се врши на заедничко собрание на двата клуба најдоцна 45 дена пред почеток на првенството.

-  Спојување на клубови може да направат само клубови регистрирани како правни лица во ист регистар кај надлежниот државен орган кои територијално припаѓаат на ист Општински фудбалски сојуз или Град Скопје

-  Спојување значи и легален престанок на двата клуба како правни лица и создавање на нов клуб како правно лице кој го задржува местото на табелата на повисоко рангираниот клуб.

-  Не е дозволено спојување на клубови кои во тековната година го губат стекнатиот  статус на клуб кој се натпреварува во Прва односно Втора или Трета лига на ФФМ.




   
   
А репрезентација