Објавено на 26 Септември, 2014 во Вести
Ве известуваме дека Комисијата за натпревари на ФФМ, го усвои барањето на ФК Вардар за одложување на реванш натпреварот против екипата ФК Шкендија Тетово од 1/8 финалето на Купот на Македонија 2014/15, кое клубот претходно го достави до комисијата. Натпреварот се одложува поради настап на три фудбалери од екипата за националната селекција на Ерменија.
Натпреварот се презакажува за 22.10.2014 среда, 14.30 часот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....