Известување до Општинските фудбалски Сојузи

Објавено на 27 Јануари, 2017 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија известува дека утре, 28.01.2017 година (сабота) архивата на ФФМ и службата надлежна за администрирање на Комисијата за избори на ФФМ ќе работи од 08:00 до 16:00 часот.

Ги известуваме Општинските фудбалски Сојузи дека документацијата што треба да ја достават во врска со изборниот процес можат да ја достават и во текот на утрешниот ден.

Ги повикуваме Општинските фудбалски Сојузи да постапат веднаш имајќи во предвид дека крајниот рок за достава на документацијата е 29.01.2017 година, а согласно поединечните задолженија што ги имаат добиено и роковите утврдени во Правилникот за избори на ФФМ.

Дополнително им укажуваме на членките на ФФМ да ги почитуваат и поединечните рокови за достава на дополнителна документација дадени од страна на Генералниот Секретар, при тоа имајќи ги во предвид одредбите од Статутот на ФФМ, актите на членките и нивните Статути и роковите од Правилникот за избори при Фудбалската федерација на Македонија.



   
   
А репрезентација