Известување до фудбалските клубови со право на користење на ваучер за 2021 година

Објавено на 19 Февруари, 2021 во Вести


Известување до фудбалските клубови, 

Фудбалската федерација на Македонија ги прими ваучерите за сите фудбалски клубови кои се стекнаа со право на користење на ваучер за 2021 година, согласно списокот од Агенцијата за млади и спорт на Република С. Македонија. 

АМС Листа на фудбалски клубови кои се стекнале со право за добивање на ваучер за 2021 година.pdf 

За таа цел Ве повикуваме на ден 24.02.2021 година (среда), во периодот од 10.00 до 16.00 часот овластен претставник на клубот, со уредно полномошно од клубот (заверено со печат, штембил и потпис - краток и полно име и презиме на овластеното лице на клубот) да дојде во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со цел подигање на ваучер.




   
   
А репрезентација