Известување

Објавено на 21 Август, 2015 во Вести

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 24.08.2015(понеделник) со почеток во 09,30 часот во просториите на ФФМ(прес сала), ќе се одржи состанок со екипите кои се заинтересирани да учествуваат во Северниот регион од Детските Лиги во претстојната сезона. На истиот, ќе бидат презентирани условите за учество и правилата за игра, а се однесуваат на фудбалери родени од 2002ра до 2007ма година.

Отворена покана до претставници од сите заинтересирани екипи кои гравитираат во овој регион да земат учество на состанокот.

Со почит,

Оддел за развој на ФФМ




   
   
А репрезентација