Избран новиот претседател на ФИФА

Објавено на 26 Февруари, 2016 во Вести


Џани Инфантино е новиот претседател на ФИФА и наследник на својот сонародник Сеп Блатер. Досегашниот Генерален Секретар на УЕФА беше избран на претседателското место на Вонредниот Конгрес на ФИФА кој се одржа денес во Цирих. Инфантино е деветтиот ФИФА претседател и беше избран со 115 гласови во втората рунда на гласањето, 27 повеќе од второпласираниот кандидат Шеик Салман Бин Ибраим ал-Калифа.

Принцот Али бин ал-Хусеин беше трет со четири гласа, додека Џером Шампањ не успеа да освои ни еден глас. Токио Сексвел се повлече од трката пред почетокот на гласањето.

Во текот на денот, Вонредниот Конгрес на ФИФА ги одобри и зацртаните реформи во однос на раководната структура на ФИФА.




   
   
А репрезентација