Објавено на 29 Јуни, 2015 во Вести
Нашиот интернационален судија ја доби честа да се најде меѓу најсериозните кандидати кои ќе ја делат правдата на полуфиналните натпревари. Во првата полуфинална средба се среќаваат репрезентации на Шпанија и Франција, а на вториот полуфинален меч Швајцарија ќе и се спротистави на Германија.Утре Европската куќа на фудбалот ќе објави кои судии ќе ја добијат можноста да бидат на центарот на теренот на полуфиналните пресметки од Европското првенство за жени до 17 години.
Ова е големо признание за нашата Ивана Пројковска која за прв пат се најде на завршницата на едно големо натпреварување под покровителство на УЕФА.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....