Објавено на 09 Октомври, 2018 во Вести, Вести
Напаѓачот на македонската репрезентација и на кипарски АЕК Ларнака, Иван Тричковски, поради повреда дефинитивно отпаѓа од комбинација за двата октомвриски натпревари од Лигата на нации против Лихтенштајн (13. октомври) и против Ерменија (16. октомври). По лекарските прегледи утврдено е дека Тричковски има истегнување на бутниот мускул од прв степен и ќе мора да мирува во наредните десетина денови.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....