Објавено на 14 Ноември, 2023 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска ги продолжува подготовките за претстојните предизвици што ја очекуваат во ноември.
На 16. ноември силите ќе ги одмериме со Грузија, на домашен терен, во рамките на четвртото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2025 што ќе се одржи во Словачка.
Во пријателски меч, на 21. ноември силите ќе ги одмериме со репрезентацијата на Австрија, во Риед.
Еден од најдобрите фудбалери на младата репрезентација на Македонија, Иван Николов даде своите видување за претстојните натпревари.
- Можам да ветам дека ќе одиграме максимално борбено и ангажирано на секој дел од теренот и во текот на сите 90. минути. Тоа е нашата одлика што не красеше на првите два меча, голема пожртвуваност и надигрување. Ќе го дадеме нашиот максимум се со цел да се вратиме на победничките патеки, по неочекуваниот пораз од Молдавија
- Репрезентацијата на Грузија е доста незгоден противник, но доколку одиграме како што знаеме и умееме, верувам дека ќе славиме победа и ќе освоиме три бодови. Се подготвуваме за овој натпревар, ги слушаме советите од нашите тренери, знаеме кои се нивните слабости, знаеме што е потребно за да се издвојува победа која ни е неопходна во овој момент.
-На претходните натпревари со Шведска и Холандија одигравме тактички одлично, со многу борба и трчање, буквално тоа што го трениравме и плдготвуваме за тие средби. Со Шведска славевме победа на отворањето на квалификациите, против Холандија бевме многу блиску до остварување на позитивен резултат, но среќата на крајот не беше на наша страна. Холандија победи, но не заслужи.
-Лично јас, а и моите соиграчи веруваме дека можеме да имаме позитивни квалификации, иако неочекувано бевме поразени од Молдавија на гостински терен. Затоа со нетрпение го очекуваме сите натпреварот со Грузија, за да ја го покажеме и докажеме нашиот квалитет, кој е неоспорен.
-Имаме супер однос како со стручниот тим, така и меѓусебно ние играчите. Секогаш разговараме и максимално се подржуваме, се со цел да напредуваме во играта и да бидеме уште поподготвени за следните предизвици што не очекуваат. На вистинскиот пат сме, можеме само да напредуваме и да бидеме подобри од натпревар во натпревар.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....