Објавено на 17 Ноември, 2023 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација не успеа да направи ново изненадување во пресметките со Италија и доживеа пораз од 5:2 во вечерашното соочување на „Олимпико“ во рамките на квалификациите за Европското првенство.
Италијанеците беа одлучни во намерата да не совладаат по три натпревари, цел која ја остварија и со тоа на најдобар можен начин го најавија решачкиот дуел со Украина во групата за пласман на ЕП.
„Аѕурите“ клучната разлика ја направија во првиот дел во кој компелтно не надиграа, дојдоа до водство од 3-0 благодарение на головите на Дармијан и двата на Киеза. Столе Димитриевски му одбрани пенал на Жоржињо во првиот дел.
По паузата заигравме далеку подобро, промените на селекторот Милевски дадоа резултат и со двата погодоци на Атанасов дојдодме до 3-2.
Финишот одново му припадна на домаќиниот кој преку Распадори и Ел Шарави го потврдија триумфот.
Последниот меч во групата го играме на 20. ноември против Англија во Скопје.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....