Исплата на средства од Финансиски Фер Плеј на УЕФА

Објавено на 24 Декември, 2014 во Вести


Со одлука на извршниот одбор на УЕФА а преку Фудбалска Федерација на Македонија, во текот на вчерашниот ден исплатени се средства на 4 наши клубови од програмата за Финансиски Фер Плеј кои се натпреваруваа во квалификации за Лига на Шампиони и Лига Европа во сезона 2013/14.

Имено, овие средства се добиени од наградниот фонд на УЕФА кој е задржан заради неисполнување на правилата од Финансискиот Фер Плеј. Од оваа сума 80% од средствата се дистрибуирани на клубовите кои играле во фазата по групи на Лига на Шампиони и Лига Европа на еднакви делови, додека 20% се исплатени на клубови кои се елиминирани за време на квалификациските натпревари во истите натпреварувања.

Во сезона 2013/14 квалификации за настап во елитните европски натпреварувања имаа:

-  ФК Вардар (Квалификации Лига на Шампиони)

-  ФК Турново (Квалификации Лига на Европа)

-  ФК Тетекс (Квалификации Лига на Европа)

-  ФК Металург (Квалификации Лига на Европа)

На овие клубови УЕФА преку ФФМ им исплати еднократно на секој по 30,790,оо евра.



   
   
А репрезентација