Објавено на 07 Април, 2016 во Вести, Еднаквост
Во рамки на деновите за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица во „Куќата на фудбалот“ учествуваа претставници од клубовите од Прва лига, претставници од МОБИЛНОСТ –Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија и претставници на МОК – Македонски Oлимписки Комитет.
Свое предавање во рамки на работилницата имаше Ирена Бакревска – Милошевска од Фудбалската федерација на Македонија која зборуваше за одговорностите на DISABILITY OFFICER (лице од клубот кое ќе им овозможи пристап на стадионите на лицата со инвалидитет).
-Нашата презентација на денешната работилница во рамки на деновите за
подигнување на свеста за потребите на лицата со инвалидитет се однесуваше на
придобивките за клубот од назначувањето на лице одговорно за пристап на луѓе со
инвалидитет и кои се вештините и одговорностите што треба да ги поседува тоа
лице.
Овој УЕФА критериум во лиценцниот систем на ФФМ е воведен од јули 2015 година. Лицата назначени од клубовите кои се одговорни за пристап на луѓе со инвалидитет треба да обезбедат услови и услуги на навивачите со инвалидитет, сѐ со цел навивачите безбедно да стигнат до своето место на трибината.
Првичната наша цел е да се обидеме во рамки на можностите да обезбедиме инклузивни услуги во однос на навивачите (билети, сместување, паркинг итн.), но и да помогнеме нашите клубови да ги овозможат истите услуги и покрај инфрастуктурните пречки на стадионите.
Се надеваме дека во блиска иднина со подобрувањето на инфраструктурата на стадионите лицата со инвалидитет ќе бидат охрабрени и се повеќе ќе присуствуваат на спортските натпревари.
Голема благодарност до Националниот сојуз „Мобилност“, Македонскиот Олимписки Комитет и секако, нашите клубови затоа што заеднички пративме силна порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со инвалидитет и затоа што сите заеднички полесно ќе ја промовираме потребата од промена и ќе работиме на таа промена, изјави Ирена Бакревска Милошевска од Фудбалската федерација на Македонија.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....