Иницијативата на ФФМ за регионално натпреварување дел од темите на УЕФА состанокот на Малта

Објавено на 17 Септември, 2015 во Вести


Претседателите и генералните секретари на сите членки на УЕФА, како и водечките луѓе на Европската фудбалска асоцијација на чело со Мишел Платини на дводневен стратешки состанок на Малта разговараа околу клучните фудбалски теми и предизвици со кои се соочува европскиот фудбал. На дневен ред, меѓу другото се дискутираше и за регионално клупско натпреварување, предлог иницијатива која Фудбалската федерација на Македонија ја достави до УЕФА и веќе го презентираше пред надлежните структури во УЕФА. Водечките луѓе на националните европски федерации на состанокот на Малта разговараа за зајакнување на соработката и поддршката од маркетинг одделот на УЕФА за асоцијациите, евалуација на досегашните модели на клупските натпреварувања во рамки на УЕФА и средствата наменети за клубовите.


По завршувањето на работниот дел од состанокот на стадионот „Луксол“ се одигра натпревар помеѓу претседателите и генералните секретари на федерациите членки на Уефа. Судии на натпреварот беа првите луѓе на федерациите на Шведска и Холандија, поранешниот професионален арбитар, Карл-Ерик Нилсон и Михаил ван Праг. Тимот на претседателите го доби натпреварот со 10:9, а првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски беше прогласен за играч на натпреварот. Збигњев Боњек од Полска, грузиецот Реваз Арвеладзе, Давор Шукер од Хрватска беа меѓу стрелците на головите.




   
   
А репрезентација