Информатичкиот систем на ФФМ како темел за модерна фудбалска организација

Објавено на 12 Мај, 2015 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија заедно со претставници од асоцијациите на Уругвај, Кипар и Хрватска по барање на Фудбалската асоцијација на Обединетите Арапски Емирати во Дубаи од 5. до 8. мај одржаа презентација на COMET имформатичкиот систем и начинот на кој системот се користи во унапредување на управувањето со натпреварувањата, дисциплинските мерки, тимската и индивидуалната статистика во националните првенства. Поканата за учество на работниот семинар во Дубаи, Фудбалската федерација на Македонија ја доби по имплементираниот информатички систем во нашето првенство и одличната презентација на меѓународната конференција за информатизација на фудбалските сојузи во Хвар, Хрватска, конференција на која учествуваа повеќе од 50 членови од 20 фудбалски сојузи од целиот свет.

-Презадоволни сме од начинот на кој ја претставивме нашата програма и информатичкиот COMET систем кој го користиме веќе втора година во националното првенство. Имавме прилика да го слушнеме искуството на останатите корисници, но тоа што нѐ прави посебно горди е фактот што многумина од учесниците на конференцијата бараа детално објаснување на нашата имплементација на COMET системот за подобро искористување и унапредување на процесите во својата организација. Оттаму и поканата од Фудбалската асоцијација на Обединетите Арапски Емирати за претставување на нашата програма и пред претставници на Лигата од Блискиот исток, вели Ивана Пројковска, COMET администратор во Фудбалската федерација на Македонија.

Како технолошка основа, информатичкиот COMET производ e темел на КОПА Америка.




   
   
А репрезентација