Објавено на 16 Јуни, 2015 во Вести, Фудбалска академија
Се известуваат сите кандидати кои се селектирани за запишување во фудбалските паралелки во СПОРТСКАТА ГИМНАЗИЈА во Скопје и дисперзираните паралелки во средните училишта низ Република Македонија (ОУТУ Ванчо Питошевски – Охрид, ОСЗУ Кузман Шапкарев – Битола, Гимназија Кочо Рацин – Велес, СОУ Мирче Ацев – Прилеп, СОУ Никола Карев – Струмица, СОУ Коле Нехтенин – Штип, ССОУ Моша Пијаде - Тетово и СОУ Методиј Митевски Брицо – Скопје), а согласно списоците кои се објавуваат како конечни (освен за Гостивар и СОУ Гостивар – се очекува тоа да биде во текот на утрешниот ден), дека уписот ќе се одржи на 22.06.2015 година и 23.06.2015 година со почеток од 08:00 часот до 14:00 часот. За таа цел, секое дете со родител во соодветното средно училиште треба да поднесе:
- Пријава;
- Оригинални светителства од 6-то до 9-то одделение;
- Извод од матична книга на родени (не е важно кога е издаден);
- Картонче за примени вакцини;
ПОТВРДА од Фудбалската Федерација на Македонија дека кандидатот е селектиран (Потврдата ќе биде доставена во училиштето од страна на ФФМ, преку соодветно лице кое е именувано на списокот на селектирани кандидати)
ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Битола 2015.pdfФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Велес 2015.pdf
ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Охрид 2015.pdf
ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Прилеп 2015.pdf
ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Скопје 2015.pdf
ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Струмица 2015.pdf
ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Тетово 2015.pdf
ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Штип 2015.pdf