Објавено на 06 Декември, 2015 во Прва МФЛ
Поради временска непогода (густа магла) се врши промена на терминот и теренот за одигрување на натпреварот Ренова – Металург од редовното 17. коло на 1. МФЛ. Натпреварот ќе се одигра на 07.12.2015г. (понеделник) со почеток во13.00 ч. на Градскиот стадион во Кичево. Следното (18.) коло се презакажува за 10.12.2015 г. (четврток) во истите термини за почеток на натпреварите (13.00 ч.). Пласманот на клубовите по одиграното 18. коло влијае на распоредот на екипите за третиот круг натпревари во првенството.