Објавено на 11 Октомври, 2020 во Вести
Тројца членови од македонската А репрезентација, еден фудбалер, член на стручниот штаб и лице од техничката служба, денеска добија “претпоставени позитивни резултати” (означен назив на тестовите) на последното тестирање за присуство на вирусот Ковид-19, извршено по пристигнувањето на нашата репрезентација во Талин за натпреварот меѓу Естонија и Македонија од Лига на нации.
Сите членови на македонската селекција, пред почетокот на подготовките за натпреварот со Косово, пред самиот натпревар со Косово и еден ден после мечот со Косово, односно пред заминување за Талин, добија негативни резултати од тестирањата направени во овластена лабораторија на УЕФА.
Исто така, репрезентацијата целиот овој период строго ги почитуваше и беа преземени сите мерки и препораки пропишани од УЕФА, но и од локалните власти.
Во врска со последниот случај, нашиот тим веднаш побара дополнително тестирање за тројцата членови на репрезентацијата, но за жал, во овој момент, тројцата мора да бидат изолирани во хотел, а фудбалерот нема да може да биде во комбинација за настап на вечерашниот натпревар.
Во продолжение извршените тестирања од почетокот на подготовките за овие натпревари.