Информација од Комисија на фудбалски тренери при ФФМ

Објавено на 31 Октомври, 2016 во Вести


Комисијата на фудбалски тренери при Фудбалската федерација на Македонија, а во врска со наводниот инцидент во ФК Брегалница – Штип, а за кој информираат сите спортски и останати медиуми во кој е вмешано и лицето Јуксел Јесилова од Турција би сакала да го даде следново известување:

„Комисијата на фудбалски Тренери најостро го осудува секое насилство на фудбалските терени и надвор од него каде што се вклучени фудбалски работници и играчи, во случајот со наводно насилство во соблекувалната на ФК Брегалница - Штип по завршување на натпреварот против ФК Силекс - Кратово, се наведува дека и лицето Јуксел Јесилова како тренер учествувал во инцидентот, би сакале да ја инормираме целокупната спортска и фудбалска јавност дека наведеното лице НЕ Е ТРЕНЕР на ФК Брегалница - Штип, туку едно од службените лица на клубот и во исто време ги замолуваме сите медиуми да ги проверат фактите пред да ги пренесат на пошироката јавност.

Доколку некој од лиценцираните тренери навистина биде инволвиран во некој сличен инцидент Комисијата на фудбалски тренери веднаш ќе иницира дисциплинска постапка за истиот и тренерот ќе биде соодветно казнет согласно Дисциплинскиот правилник на ФФМ.




   
   
А репрезентација