Информација од Дисциплинска комисија на ФФМ

Објавено на 22 Април, 2016 во Вести


Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница констатираше дека нема услови да се постапува и да се одлучува по предметот со кој е поведена дисциплинска постапка против ФК Вардар за натпреварот Вардар – Шкендија од 27. коло од Првата лига, од причина што поради роковите од дисциплинскиот правилник сеуште не е компелтирана целокупната документацијата, а притоа не е исполнет ниту условот дека никој не може да биде казнет без претходно да биде сослушан. Во конкретниот случај, утврдено е дека рокот од три дена за достава на изјава од страна на ФК Вардар сеуште не е изминат. Во ваква ситуација, клубот - домаќин и клубот - гостин заедно со МВР ги проценуваат и договараат условите за евентуално присуство на гостинска публика.




   
   
А репрезентација