ИН МЕМОРИАМ: СЛОБОДАН САНТРАЧ

Објавено на 14 Февруари, 2016 во Вести

Во Белград ненадејно на 70-годишна возраст почина прославениот фудбалер и поранешен селектор на А репрезентацијата на Македонија, Слободан Сантрач.

Слободан Сантрач во 2005. година беше првиот селектор странец на македонската фудбалска репрезентација. Нашиот најдобар национален тим го водеше на четири натпревари остварувајќи една победа и три порази.

Слободан Сантрач е најдобриот голгетер во историјата на југословенскиот фудбал. Во силната лига на поранешната држава Сантрач постигна 218 гола. Фудбалската кариера ја започна во ОФК Београд, а играше за Грасхоперс, Партизан и Галеника од Земун. За југословенската репрезентација настапи на осум натпревари и постигна еден гол.

Најдобрите резултати како стручњак Сантрач ги имаше како селектор на СР Југославија. Некогашната репрезентација ја одведе на Светското првенство во Франција 1998 година. На клупата на националниот тим на СР Југославија седеше 43 натпревари. Потоа ја предводеше селекцијата на Саудиска Арабија. Од 2008 до 2011 година работеше во Кина во три различни клуба, Чангша, Киндао и Шанчи, кој воедно беше и негов последен тренерски ангажман.




   
   
А репрезентација