Објавено на 08 Ноември, 2016 во Вести
По кратко боледување денеска на 64 годишна возраст почина Мирчо Карамучев, еден од најистакнатите фудбалери и спортски работници од Валандово. Мирчо Карамучев е еден од најдобрите фудбалери во клупската историја на ФК Победа од Валандово и поранешен истакнат фудбалер во ФК Тиверија, ФК Беласица и ФК Куманово. Од 1988 до 1992 бил член на Претседателството на ФСМ и претседател на Комисијата за молби и жалби на ФСМ.