IN MEMORIAM: Почина македонскиот фудбалер Ѓорѓе Џонов

Објавено на 18 Јули, 2022 во Вести


Трагична вест за македонскиот фудбал.

Почина Ѓорѓе Џонов, поранешен фудбалер на Силекс, Металург, Беласица и Кожуф. 30-ет годишниот фудбалер подолго време се бореше со рак на белите дробови и му беше потребен медицински третман и операција во Турција.

Голем број фудбалски работници, играчи и клубови апелираа за помош и собираа средства за операцијата. Сепак, денеска стигна трагична вест, која ги погоди неговите најблиски, пријателите, соиграчите и целата македонска фудбалска јавност.

Џонов е роден во Пирава, долги години беше дел од македонскиот прволигашки фудбал, оставајќи силна трага зад себе во клубовите за кои настапуваше.




   
   
А репрезентација