Објавено на 29 Септември, 2015 во Вести
Популарниот Шуле е дел од златната генерација на Вардар заедно со Георгиевски, Анѓушев, Вучидолов, Трајчевски, Божиновски, Дацевски, Илиевски, Николовски, Велковски и Дончевски што го освои југословенскиот куп во 1961 година со победа од 2-1 против Вартекс во финалниот меч во Белград. Од родниот Ресен замина во Битола, а во 1956 година потпиша за Вардар. „Црвено-црниот“ дрес го носеше 12 години, одигра 317 натпревари на кои постигна 190 голови. Потоа замина во САД и играше за Чикаго. По завршувањето на кариерата беше тренер на Вардар, во еден период и на првиот тим, а потоа и во младинската Академија на клубот. Шулинчевски е роден во 1939 година.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, изрази сочуство до семејството на починатиот Петар Шулинчевски.
„Со голема тага ја примивме веста за смртта на еден од најголемите македонски фудбалери во историјата, Петар Шулинчевски.
Во име на Фудбалската федерација на Македонија и свое лично име би сакал да ги упатам изразите на најдлабоко сочувство до неговото семејство.
Македонскиот фудбал загуби вистински великан. Шулинчевски ќе остане во сеќавање како извонреден фудбалер, но денеска чувствуваме тага затоа што замина голем човек.
Македонскиот фудбал е должен да му го врати доприносот на едноставен начин – спомените за легендарниот Петар Шулинчевски да ги одржиме во живот и за идните генерации“
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....