ИН МЕМОРИАМ: Почина Душко Мандаровски

Објавено на 22 Јули, 2016 во Вести


На 55-годишна возраст денеска ненадејно почина Душко Мандаровски, наш долгогодишен фудбалски работник и човек кој неуморно придонесуваше за развој на фудбалот во нашата земја.

Душко Мандаровски беше претседател на Општинскиот фудбалски Сојуз – Кисела Вода.

Фудбалскиот работник Душко Мандаровски беше блиску до фудбалот, односно ја извршуваше функцијата член на комисијата за натпреварување при ФФМ, а беше член и на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија. 

Погребот ќе биде извршен утре (сабота) во 11:30 часот на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.



   
   
А репрезентација