Објавено на 10 Мај, 2015 во Вести
Вчера, при акција на македонските безбедносни сили, во престрелка во Куманово, на 27-годишна возраст загина поранешниот фудбалер на неколку домашни прволигаши Ненад Серафимовски.
Македонскиот фудбал засекогаш останува да се сеќава на момчето од вардаровите редови кое во периодот од 2005 до 2011 година беше активен фудбалер на домашната прволигашка сцена. Серафимовски, кој потекнува од Гостивар, мина низ младинските школи на Вардар за да една сезона настапи и во првиот тим на најтрофејниот македонски клуб и тоа во годините кога на Вардар. Во својата кариера потоа настапуваше и за Работнички, Хоризонт Турново и Скопје, за да фудбалската кариера ја заврши во Милано од Куманово, по што се одлучи професионално да се активира како припадник на македонскиот безбедносен систем.
Ненад Серафимовски ќе биде погребан денеска во родното Зубовце, крај Гостивар, а на двата натпревари од фудбалскиот плеј-аут во Првата лига, кои почнуваат од 16:30 часот во Прилеп и во Турново, колегите фудбалери со едноминутно молчење ќе искажат почит за Серафимовски и за останатите припаднице на македонските безбедносни сили кои вчера ги оставија своите животи во Куманово.
Фудбалската Федерација на Македонија упатува искрено сочуство до семејството, пријателите и колегите на Серафимовски, како и до семејствата на останати припадници на МВР кои во последните два дена ги загубија своите животи.
Почивајте во мир!Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....