Објавено на 25 Декември, 2019 во Вести
Поранешниот македонски фудбалски судија Беким Баута, кој долги години беше еден од истакнатите фудбалски арбитри во македонската Прва лига почина денеска после тешка болест.
Баута беше интернационален судија со знакот на ФИФА и долги години судеше на натпреварите во македонската лига. Беким Баутса беше дел и од Управиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Беким Баута е роден во 1961 година.
Погребот ќе се одржи денеска во 15:00 часот во родната Струга.