Објавено на 09 Ноември, 2020 во Вести, Вести
Еден од нашите напаѓачи во А репрезентацијата на Македонија, Илија Несторовски од италијански Удинезе, во пресрет на почетокот на подготовките за натпреварот Грузија - Македонија вели дека дојде време репрезентацијата да се подготви за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал.
- Конечно дојде собирот и подготовките
за нашиот историски натпревар. Четири, пет години се бориме за ова и сега е време
да се подготвиме за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал.
Јас и цела репрезентација ветуваме дека ќе го дадеме максимумот за да ја
оствариме целта. Ќе биде сосема поразлично од претходните натпревари. Срцето и
желбата за победа ќе решаваат.
- Знаеме кои се добри, а кои лоши страни на грузијците, но овие денови ќе ги анализираме и се надевам на многу позитивни работи. Имаме многу големи натпревари зад нас, не чувствуваме притисок. Гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надевам дека ќе се пласираме на Европското првенство, изјави Илија Несторовски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....