Објавено на 22 Март, 2018 во Вести, Вести
Македонија – Финска
Пријателски натпревар
23. март 2018., 17:00 часот
Глорија арена, Белек.
Македонската А репрезентација ги финишира подготовките спроти утрешниот пријателски натпревар против Финска на „Глорија“ арена во турски Белек. Нашата репрезентација веќе четири дена е во Анталија и ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија. Немаме пораз на пет меча во серија, а овие два дуели ќе бидат добра подготовка за премиерното издание на Лигата на Нации, кое почнува во септември.
Напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски вели дека максимално сериозно се одработуваат подготовките и верува во нова победа на Македонија.
-Тренираме максимално, имаме одлични услови за работа во изминатите четири дена. Финска е квалитетна селекција и ја сфаќаме сериозно. Ги анализиравме нивните добри и помалку квалитетни страни и верувам дека со победа ќе ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор. Тоа секако ќе ни биде дополнителен мотив и за дуелот против Азербејџан, вели Несторовски.
Со Азербејџан игтраме на 27. март на „Мардан“ арена, исто така во Белек.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....