Илчо Ѓорѓиоски доби доверба за претседател на Собранието на ФФМ

Објавено на 18 Февруари, 2017 во Вести


Илчо Ѓорѓиоски едногласно е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија со четиригодишен мандат до 2021 година.

На Редовното изборно генерално собрание кое се одржа во хотел „Александар Палас“ во Скопје, Илчо Ѓорѓиоски со 91 глас го доби мандат да го предводи македонскиот фудбал.

- Најнапред сакам да ја искажам мојата благодарност до сите вас за укажаната доверба. Голема чест е да се биде претседател на ФФМ и да се бориме за македонскиот фудбал како што тоа некогаш го правевме на теренот. Вратата на Фудбалската федерација секогаш ќе ви биде отворена.

Во изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Ве повикувам да продолжиме да работиме секогаш во интерес на македонскиот фудбал. Вашата поддршка ме обврзува да продолжам да го давам својот максимум за развој на нашиот фудбал. Но, една работа не смееме да ја заборавиме, Иднината на македонскиот фудбал не е во рацете на поединец, па ни само во Фудбалската федерација на Македонија, таа е во рацете на сите нас.

Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе ја помага својата база, ве повикува и вас да разговарате, да се борите, да работиме заеднички. Никој нема да ни помогне ако самите тоа не го направиме. Вие почитувани пријатели сте богатството на нашиот фудбал и би сакал сите да ја препознаат вредноста и улогата на фудбалот и да ни помогнат да го развиеме, истакна Илчо Ѓорѓиоски во своето обраќање.

-Среќен сум што имаме силна федерација, добра структура и одлични односи во соработката со Уефа и Фифа.




   
   
А репрезентација