Илчо Ѓорѓиоски: Бидете горди. Пишуваме историја

Објавено на 12 Октомври, 2016 во Вести


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски им го честита успехот и пласманот на Европското првенство на репрезентацијата до 21 година истакнувајќи дека ФФМ како и досега ќе ги осигура сите услови и ќе вложи максимален труд да се задржи нужното заедништво.

-Среќен сум, прекрасно е да се видат полни трибини, одлична атмосфера и радост после постигнатиот успех. Му честитам на селекторот Благоја Милевски, стручниот штаб во репрезентацијата и фудбалерите. Оваа репрезентација е пример како може да се стигне до успех во македонскиот фудбал. Ги заслужуваат сите пофалби за историскиот резултат. Фудбалерите покажаа дека знаат, можат и посакуваат победа, видовме дека имаат талент, но и карактер да се носат со тешки противници и ситуации. Привилегија за секого е да се биде на големо натпреварување, од домаќинот на репрезентацијата преку играчите и селекторот. Ќе сториме сѐ да бидеме квалитетни во Полска на Европското првенство – ФФМ како и досега ќе ги осигура сите услови. Ќе вложиме максимален труд и напор да го задржиме нужното заедништво. Пласманот на Европското првенство е остварување на сонот на оваа генерација. Стигнаа таму каде што им е местото и благодарност до сите кои даваа поддршка. Ја вративме насмевката на лицата на навивачите и драго ни е поради тоа. Бидете горди.




   
   
А репрезентација