Објавено на 02 Јуни, 2016 во Вести
По поразот од Иран, селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски даде свое видување за натпреварот кој го загубивме со 1:3 на "Филип Втори" во Скопје.
-Иран ја потврди својата класа, исклучително силна репрезентација. Во одредени моменти се обидовме да се спротивставиме, но не успеавме. Направивме неколку индивидуални грешки, противникот одлично затвораше и тешко доаѓавме до нивната опасна зона. Изборот на фудбалери и нивните позиции е моја одлука, ако некој бара виновници тогаш нека го впери прстот кон мене. Тоа што го знам, а верувам и сите кои и мислат добро на оваа репрезентација е дека не очекува уште многу работа и нови моменти, се надевам позитивни. Имаме млад тим, играчи кои се желни да успеаат и јас целосно гинразбирам. Денеска загубивме од квалитетна репрезентација, одиме понатаму, изјави Ангеловски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....