Објавено на 17 Ноември, 2015 во Вести, Вести
Нашиот предводник вели дека тимот ќе се обиде да ја задржи агресивноста и офанзивната игра која ја имаше во убедливиот триумф над Црна Гора минатата недела.
-Сите во репрезентацијата посакуваме победа, битно е да ја задржиме стабилната игра, да бидеме доволно агресивни и повторно да наметнеме офанзивен стил во играта. Играчите се подготвени, составот е познат, стартуваат истите десет играчи од пресметката со Црна Гора, а Илија Несторовски ќе започне на местото на Агим Ибраими кој е ослободен од обврските за овој натпревар. Имаме право на шест замени, во зависност од резултатот и текот на натпреварот ќе им дадеме шанса и на играчите од клупа кои се исто толку значајни како и тие што го започнуваат мечот. Овој тим не е составен само од 11-ет играчи, сите кои се во составот се активни членови и придонесуваат за успесите. Се надевам дека ќе одиграме според договореното и ќе запишеме победа за дополнително зголемување на самодовербата, мора да бидеме на високо ниво на секој натпревар, изјави Игор Ангеловски.