Игор Ангеловски во Анталија ќе ги следи натпреварите на македонските екипи

Објавено на 28 Јануари, 2017 во Вести


Селекторот на A репрезентацијата на Македонија Игор Ангеловски во турскиот центар Анталија во наредните неколку денови ќе ги следи натпреварите на македонските екипи кои се подготвуваат во познататото летувалиште. Дури шест екипи од македонската лига своите подготовки за пролетниот дел од сезоната ќе ги одработат во Анталија. Вардар, Шкендија, Работнички, Пелистер, Силекс и Академија Пандев се нашите екипи чии контролни натпревари ќе ги следи селекторот Ангеловски.

Во оваа фаза на подготовки намерата е да добиеме увид во формата на репрезентативците и играчите кои имаат потенцијал и квалитет да бидат дел од најдобрата селекција. Уште поважно за нас е што нашите тимови во Анталија имаат натпревари со силни европски екипи, а тоа е добра можност да го потврдат квалитетот или да се обидат да поправат одредени сегменти од играта, изјави Ангеловски.

Македонската А репрезентација на 24. март на гостински терен во Лихтенштајн го игра натпреварот од 5. коло од квалификациите за СП во Русија 2018 година.




   
   
А репрезентација