Објавено на 09 Ноември, 2016 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација на 12. ноември во Гранада го игра натпреварот против Шпанија од квалификациите за Светското првенство 2018 година. По одработените тренинзи во Скопје, селекторот на најдобриот наш тим Игор Ангеловски вели дека го радува добрата атмосфера и посветеноста на играчите.
-Радува тоа што играчите се посветени на тренинзите и без проблем ги одработуваат добиените задачи. Капитенот Пандев доби мала поштеда на вчерашниот тренинг, но со Горан сѐ е во ред, ќе биде подготвен за натпреварот. Како селектор на репрезентацијата морам да водам грижа за здравјето на фудбалерите и нивната натпреварувачка форма, без оглед за кого се работи. Противникот има континуитет, препознатлива игра, многу се агресивни и компактни. Реков дека треба да бидеме можеби на повисоко ниво во играта во однос на мечот со Италија, верувам дека имаме сила и желба да бидеме добри и на дуелот во Гранада, изјави селекторот Ангеловски.
-Исто така, позитивно е што напаѓачите се ефикасни и даваат голови, тоа секако придонесува за нивната самодоверба. Фудбалерите се во добра ситуација, а до натпреварот ќе одлучиме за почетната постава, рече Ангеловски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....