Објавено на 14 Јануари, 2016 во Вести, Вести
Ангеловски е во постојан контакт со репрезентативците и се надева дека ќе бидат во добра натпреварувачка форма за силните контролни дуели.
-Мило ми е што успеавме да договориме два силни контролни натпревари
против Словенија на гостински терен и во Скопје против Бугарија.
Репрезентацијата на Словенија е исклучително квалитетна, против Украина во
баражот за пласман на Европското првенство беа сосема рамноправен противник, а резултатите
што ги остваруваат во последните неколку години доволно говорат за квалитетот и
напредокот на словенечката селекција. Истото се однесува и за репрезетацијата
на Бугарија, сметам дека и тој натпревар ќе биде одличен тест за нас. Важно е
да ја вратиме самодовербата. Со сите играчи од нашиот тим сум во постојан
контакт, мило ми е за трансферот на Несторовски во Палермо, а се надевам дека и
неизвесноста околу клупскиот ангажман нема да трае долго за некои играчи, како
Мојсов и Тричковски. За сите е важно да бидат во добра натпреваруваќка форма.
На пријателските натпревари против Словенија и Бугарија нема да повикувам играчи
од младата репрезентација која има исклучително важни квалификациски дуели, но
можноста да повикаме некои од нив ќе ја искористиме во мајско-јунскиот термин
кога повторно ќе имаме силни контролни натпревари, изјави Ангеловски.
Натпреварот Словенија – Македонија е закажан на 23. март во Копер, шест дена подоцна ја пречекуваме селекцијата на Бугарија.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....