Објавено на 02 Ноември, 2015 во Вести, Вести
Предводникот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски по објавување на списокот на повикани фудбалери на прес конференција ги сподели очекувањата во пресрет на пријателските натпревари против Црна Гора и Либан.
„ Натпреварите против Црна Гора и Либан треба да претставуваат еден нов старт, проветка и подготовка за квалификацискиот циклус за Светското првенство 2018. Не отпишувам никого, вратата е отворена за секој фудбалер кој ке игра стандрадно и ќе покаже квалитет во својот клуб. Една од клучните работи ќе биде да направиме една хомогена репрезентација, спој на младост и искуство, и тоа да биде костурот на тимот во наредниот период. За следниот квалификациски циклус ќе се врати и Горан Пандев, нашиот најдобар македонски фудбалер со кого лично разговарав и кој самиот покажа подготвеност и мотивираност да се врати во националниот тим. Атмосферата во репрезентацијата е од големо значење за остварување на позитивни резултати. Исто така многу значајна е подршката од публиката која за секој фудбалер би претставувала дополнителен мотив", изјави селекторот Игор Ангеловски.
Техничкиот менаџер на А репрезентацијата на Македонија, Саша Ќириќ вели дека ангажманот на Игор Ангеловски не зависи од овие два дуела.
„ Продолжувањето на соработката со Игор Ангеловска нема да зависи од овие два натпревари против Црна Гора и Либан. Имаме тенденција Игор Ангеловски да остане подолго време на клупата на А репрезентацијата на Македонија. Сакаме да направиме стратигија за подолг рок. Се надеваме дека тоа ќе се реши по овие два натпревари.", вели Саша Ќириќ.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....