Игор Ангеловски: Страста од тренинзите да ја пренесеме на теренот

Објавено на 02 Септември, 2016 во Вести, Вести


Македонската А фудбалска репрезентација одработи уште еден тренинг спроти почетокот на квалификациите за СП во Русија 2018 година и мечот со Албанија, а селекторот Игор Ангеловски ги изнесе своите видувања околу досегашниот тек на подготовките и очекувањата од натпреварот во Скадар.

Најбитно за мене во овој момент е што играчите се здрави и ги реализираме тренинзите според првичниот план. Ме радува тоа што атмосферата во тимот е на високо ниво, сите се однесуваме максимално сериозно, а сепак постои синергија меѓу фубалерите и стручниот штаб. Имаме уште малку време до првата квалификациска пресметка и ни преостанува да се посветиме на натпреварот, на една голема борба и тоа го правиме. Македонија ќе ја бара својата прилика и ќе направиме се што е во наша моќ да го лимитираме противникот и да извлечеме што подобар резултат. За мене е многу важно страста од тренинзите да ја пренесеме на теренот во Скадар, не се сомневам дека играчите ќе го дадат најдоброто од себе, сеедно кои ќе започне. Првите единаесет ќе ги одредиме после официјалниот тренинг во Албанија, изјави селекторот Игор Ангеловски.





   
   
А репрезентација