Игор Ангеловски: Создаваме тим кој долго ќе игра заедно

Објавено на 18 Мај, 2016 во Вести, Вести


Селекторот на најдобрата македонска репрезентација, Игор Ангеловски на прес-конференцијата по објавувањето на списокот на фудбалери за контролните натпревари против Азербејџан и Иран го изнесе своето мислење околу тимот и перспективата на нашиот национален состав.

-Тоа што го најавивме на почетокот од нашата работа, од списокот денеска може да видите дека се остварува. На претходните натпревари не можевме да сметаме на репрезентативците од селекцијата до 21 година поради квалификациите, но сега имаме можност. Овој состав е спој на младост и искуство и имаме намера долги години да бидат во најдобрата репрезентација. Никој не може да гарантира дека веднаш ќе ни донесат резултат, но го заслужија местото во најдобриот тим. Статистички веројатно ќе бидеме најмлада селекција на квалификациите и очекувам поддршка од сите, изјави Ангеловски.

-Жал ми е за Агим Ибраими и за ситуацијата во која се најде. Агим повеќе од еден месец не тренира со тимот, разговаравме во Словенија пред една недела, не тренира со екипата, но, јас сметам на него во блиска иднина, се надевам дека ќе најде клуб и ќе се избори за место.Истото се однесува и за Митов и Адеми, недостасуваат многу, но не можеме против тие работи. Им посакувам многу позитивни работи во иднина.

-Со Азербејџан имаме добар скор од порано, сакам да продолжиме во таков стил. По оние претходни порази, сега секако ни е неопходна и победа за враќање на самодовербата во тимот, дополни македонскиот селектор.




   
   
А репрезентација