Објавено на 12 Октомври, 2018 во Вести, Вести
Селекторот на фудбалскате репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, на прес – конференцијата пред официјалниот тренинг на Македонија, а спроти натпреварот со Лихтенштајн во Лигата на нации истакна дека фудбалерите мора максимално да се однесуваат на мечот, иако во минатото лесно го победувавме.
„Очекувам едно максимално издание на нашите фудбалери. Она што како задача ќе им биде дадено да го извршат максимално. Овој дуел е многу значаен за нас. Никогаш во мојата кариера не размислувам за наредните мечеви, сега ми е најважен Лихтенштајн. Ги имаме сите потребни информации за противникот, ни следи различен меч од оној од квалификациите за СП 2018. Противникот може да одигра онолку колку што ќе дозволите. Резултатите со Лихтенштајн се едно убаво минато, ќе мора да бидеме максимални и на оваа средба“, изјави Ангеловски.
Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн на „Филип Втори“ Арената се игра утревечер (сабота) од 20:45 часот. Правдата ќе ја делат судии од Израел. Билетите се веќе пуштени во продажба и чинат 150 и 100 денари.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....