Игор Ангеловски: На играчите им верувам повеќе од моите очи

Објавено на 04 Септември, 2016 во Вести, Вести


Оптимизам, мотивираност и желба за добар резултат има кај сите во македонската А репрезентација спроти утрешниот меч во Скадар против Албанија. Селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата најави дека се подготвени за нов почеток и верува дека ќе стартува со позитивен резултат.

-Ова е почеток на нов квалификациски циклус. Имаме противник кој е во подем. Тие беа учеснници на последното ЕП и тоа е дополнителен мотив да влеземе со максимално залагање и да започнеме со позитивен резултат. Работиме во прекрасна атмосфера и се надевам на многу подобри денови и резултати на македонскиот фудбал почнувајќи од утре. Немаме проблеми со повредени. Подготвени ќе влеземе на мечот, рече Ангеловски.

Воспитан сум дека луѓето не треба да ги делам по ниедна основа. Кога се работи за фудбалот постојат само добри и помалку добри фудбалери. На сите што се повикани им верувам повеќе од своите очи. ТСреќен сум што имаме такви фудбалери во составот. Ова е натпревар, подобриот на зелениот терен нека победи, додаде Ангеловски.

Репрезентативниот напаѓач Иван Тричковски исто така изјави дека очекува добра игра на нашата селекција и позитивен резултат од натпреварот.

-Не очекува многу тежок натпреавар против селекција која е доволно да се каже дека беше дел од ЕП. Ќе влезат како фаворити, но тоа не значи дека ќе се предадеме, напротив. Ветуваме борба, ангажираност, имаме играчи кои можат да направат разлика. Подготовките ги минуваме на одличен начин, веруваме дека можеме до позитивен резултат, изјави Иван Тричковски.



   
   
А репрезентација